Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека ги пушти во продажба билетите за финалниот Куп-натпревар помеѓу Вардар и Струга Трим Лум.
Влезниците ќе се продаваат преку платформата eticket.ffm.mk, a истите ќе чинат 100 и 50 денари.
Финалето во Купот на Македонија е закажано за 21 мај на Националната арена „Тодор Проески“. Натпреварот ќе започне во 19:00 часот. Се очекува голема посетеност и фудбалски празник во Скопје.