сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Пуштен во употреба нов фудбалски терен со вештачка трева во Струмица

Пуштен во употреба нов фудбалски терен со вештачка трева во Струмица

Фудбалската федерација на Македонија во Струмица официјално го пушти во употреба и го предаде на користење најновиот терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) наменет за македонскиот прволигаш Академија Пандев.

Проектот за целосна изградба на теренот со вештачка трева чини 280.000 евра, а нашата федерација средствата ги обезбеди преку Хет-трик програмата на УЕФА.

„За Фудбалската федерација на Македонија денот како денешниот кога отвораме нови фудбалски терени секогаш се посебни и значајни. Овој терен е првиот со најмодерна вештачка трева во Македонија, без гранули и во вредност од 280. илјади евра како помош од ФФМ и УЕФА за фудбалскиот регион од кој секогаш произлегуваат македонски фудбалски репрезентативци. За нас е исклучително важно што докажавме дека ФФМ е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, од изградба на инфраструктура до обезбедување услови за најдобрата репрезентација за пласман на големи натпреварувања“.  Сигурни сме дека вложувањето во инфраструктурата ќе овозможи клубовите да поставуваат нови цели кои ќе значат успех и за нив, но и за нашите национални тимови. Токму затоа вложуваме во сите региони во државата. Сакаме да им помогнеме на сите, нашата цел е да направиме заеднички напори и вложувања со клубовите и општините, а сето она што се работи во европските фудбалски центри, мора да се направи и во Македонија. Со здравје да се користи новиот терен и нека биде поттик за сите други да вложуваат во фудбалот“, рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

На официјалното отворање на теренот за Академија Пандев покрај претставниците на ФФМ, присуствуваа градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и Мартин Алаѓозовски од Академија Пандев.

ЕУРО 2020

Македонија