петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 169
home Фудбал

ПСЖ во „Џордан“ дресови за Лигата на шампионите

ПСЖ во „Џордан“ дресови за Лигата на шампионите

Пари Сен Жермен претстави два нови сета на дресови, кои ќе се користат исклучиво во овогодинешната Лига на шампиони.

„Светците“ ќе настапат во специјално дизајнирани „Џордан“ дресови во најпрестижното фудбалско натпреварување, односно од брендот на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња – Мајкл Џордан.

Новиот дрес ќе биде премиерно претставен следниот вторник, кога парижаните ќе го одиграат својот прв меч против Ливерпул.

Освен „црвените“, противници на ПСЖ во групата Ц се и Наполи и Црвена Ѕвезда. (МИА)

Коронавирус