вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ со трет „требл“ во Франција

ПСЖ со трет „требл“ во Франција

ПСЖ го победи Ле Ербиер со 2:0 во финалето на Купот на Франција и четврта година по ред го освои турнирот. Ова е трет домашен „требл“ за Парижаните по 2015 и 2016 година – титулата во шампионатот, Лига Купот и Купот на земјата.

Играчите на Унаи Емери очекувано доминираа на „Стад де Франс“ и поведоа во 26-та минута, кога Џовани Ло Селсе искористи асистенција на Тиаго Мота и го постигна првиот гол на натпреварот. ПСЖ продолжи да има целосна доминација, со 73,3 наспроти 26,7 отсто посед на топката.

Уругвајскиот голгетер Единсон Кавани во 74-та од пенал ја удвои предноста на ПСЖ и го оформи крајниот резултат.

Коронавирус