сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 50
home Фудбал

ПСЖ скапо ќе го плати отказот за Тухел

ПСЖ скапо ќе го плати отказот за Тухел

Најмалку пет милиони евра ќе треба да му плати ПСЖ на Томас Тухел, како обесштетување за предвремениот раскин на соработката со германскиот тренер, објави денеска „Л”Екип“.

Според парискиот весник, обесштетувањето што ПСЖ ќе му го исплати на Тухел може да достигне до седум милиони евра, во зависност од резултатите што францускиот првак ќе ги оствари до крајот на сезоната.

Тухел, кој претходно неделава беше отпуштен шест месеци пред истекот на договорот, заработуваше 625.000 евра месечно, плус дополнителни бонуси и премии.

Најсериозен кандидат за негов наследник е Аргентинецот Маурисо Покетино.

Коронавирус