вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 96
home Фудбал

ПСЖ се разделува со својот капитен следното лето

ПСЖ се разделува со својот капитен следното лето
Шампионот на Франција, Пари Сен Жермен е подготвен да го продаде 33-годишниот дефанзивец Тиаго Силва следното лето.
Договорот на Силва со парижаните истекува во 2020 година. Тој пристигна од Милано во 2012 година за повеќе од 42 милиони евра.
Неговата напредна возраст, сепак, ќе ги натера Французите да бараат алтернативи за позицијата на централен дефанзивец додека се обидуваат да земат некакви пари од можниот договор.
Според информациите од „Лe10Спорт“, поранешниот клуб на Бразилецот има најголем интерес. Играчот е поврзан со преминување и во Јувентус, Наполи и Рома.
Тиаго Силва е петкратен шампион во Лига 1 со ПСЖ и четирикратен освојувач на Купот.

Коронавирус