сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 84
home Фудбал

ПСЖ сака Реал да го вклучи Куртоа во зделката со Мбапе

ПСЖ сака Реал да го вклучи Куртоа во зделката со Мбапе

Реал Мадрид има намера да го ангажира напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Како што објави новинарот Едуардо Инда за „ТВ Ел Чирингито“, францускиот клуб сака Реал да го вклучи голманот Тибо Куртоа во зделката за 21-годишниот напаѓач.

Претходно се дозна дека клубот од Мадрид може да плати околу 100 милиони евра за Французинот доколку тој одбие да го продолжи договорот со ПСЖ. Тековниот договор меѓу страните истекува во летото 2022 година.

Мбапе оваа сезона одигра три натпревари во Лига 1, постигна два гола и направи три асистенции.(МИА)

Коронавирус