сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 38
home Фудбал

ПСЖ сака да потпише нов договор со Мбапе

ПСЖ сака да потпише нов договор со Мбапе

 Раководството на францускиот фудбалски шампион, Пари Сен–Жермен, е задоволно од игрите на својот напаѓач Килијан Мбапе и затоа сака со него да потпише нов договор.

Како што објавија француските медиуми, веќе се почнати преговорите меѓу двете страни и се очекува да завршат со успех.

Дваесет годишниот Мбапе има важечки договор со ПСЖ до 2023 година.

Мбапе во Париз дојде од Монако, најпрво како позајмен играч, оваа сезона настапи на 41 натпревар, постигна 36 гола и оствари 17 асистенции.