четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ подготвен да му понуди плата на Кеси од 9 милиони евра годишно

ПСЖ подготвен да му понуди плата на Кеси од 9 милиони евра годишно

Фудбалерот од средниот ред Франк Кеси се најде во сферата на интерес на ПСЖ. Парискиот клуб е подготвен да му понуди на 24-годишниот фудбалер плата од девет милиони евра годишно, објави „Фут Меркато“.

Претходно, Кеси одби да го продолжи договорот со Милан, кој истекува следното лето.

Росонерите беа подготвени да му платат 6,5 милиони евра годишно, додека Кеси бараше осум милиони евра и уште два милиона бонуси.

Кеси во својата кариера има играно и за Аталанта и Чезена. (МИА)

Локални избори 2021