среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 153
home Фудбал

ПСЖ по грешка го потврди трансферот на Рамос и откри кој број ќе го носи (ФОТО)

ПСЖ по грешка го потврди трансферот на Рамос и откри кој број ќе го носи (ФОТО)

ПСЖ објави текст со потврда на трансферот на Серхио Рамос, но брзо потоа го избриша, беше откриен и неговиот број.

Рамос наскоро треба официјално да биде презентиран како ново засилување на ПСЖ, се очекува тоа да се случи во текот на денешниот ден.

Се е подготвено, но очигледно некој по грешка ја избрзал работата.

На официјалниот сајт на ПСЖ се појави текст со информација дека Рамос ќе го носи дресот со број 4. Брзо тоа беше избришано, но некои направија принт-скрин од веста.

Во тој избришан текст Рамос објаснува зошто го носи дресот со број 4. Вели дека таа бројка ја носи од почетокот на кариерата, го прати во животот, му носи среќа и многу победи. Таа бројка е дел од него како личност и како професионалец. За него е привилегија што ќе може да го носи тој број и во дресот на клуб каков што е ПСЖ.

Локални избори 2021