понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 15
home Фудбал

ПСЖ објави за крај на соработката со тренерот Тухел

ПСЖ објави за крај на соработката со тренерот Тухел

Францускиот шампион Пари Сен-Жермен, на својата официјалната веб-страница објави за прекинот на соработката со тренерот Томас Тухел.

Четириесет и седумгодишниот Германец го предводеше парискиот клуб од мај 2018 година. Под негово водство екипа двапати стана шампион на Франција, освои два трофеја во францускиот Суперкуп, еднаш победи во Купот на Франција, еднаш стигна до трофејот во францускиот Лига куп, а исто така стигнаа до финалето во Лигата на шампионите во сезоната 2019/20, каде загубија од Баерн Минхен (0:1).

– Би сакал да му се заблагодарам на Томас Тухел и неговиот персонал за сè што направија за клубот. Тухел вложи многу труд и енергија во својата работа. Ќе се сеќаваме на сите добри времиња низ кои поминавме заедно. Му посакуваме се најдобро, изјави за официјалната веб-страница на ПСЖ, претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи.

По 17 кола во француската Лига 1 парижаните се на третото место во поредокот, со еден бод помалку од водечкиот Лион.

Коронавирус