недела, 25. август 2019. Вести денес: 22
home Фудбал

ПСЖ нема да го продаде Нејмар во Барселона

ПСЖ нема да го продаде Нејмар во Барселона

Пари Сен Жермен нема да го продаде Нејмар во Барселона, и покрај желбата на играчот да се врати во Каталонија.

Според „Телефут“, раководството на парискиот клуб ќе заземе принципиелна позиција во преговорите со Барселона и нема да дозволи Бразилецот да си замине.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона од кади си замина во 2017 година.

Тој наводно е подготвен на значително намалување на платата само да се врати на „Камп ноу“.