вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ не се откажува – го планира Меси во својот состав

ПСЖ не се откажува – го планира Меси во својот состав

Пари Сен-Жермен не се откажа од намерата да потпише договор со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси.

Парижаните го планираат својот состав за следната сезона, со 33-годишниот Аргентинец во него, објавија француските медиуми.

Исто така, ПСЖ е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Емерсон Апаресидо, кој сега игра на позајмица во Бетис. Францускиот клуб сака да го засили и средниот ред.

„Светците“ веруваат дека огромните трошоци што клубот ќе мора да ги направи ако Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар играат во ист тим, ќе се исплатат, бидејќи приходите од рекламирање и продажба на стоки ќе се зголемат неколку пати.

Меси оваа сезона одигра 32 натпревари во Ла Лига, постигна 28 гола и направи девет асистенции. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија