петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ не му верува на Серхио Рамос

ПСЖ не му верува на Серхио Рамос

Серхио Рамос смета дека е подготвен за деби, ПСЖ вели не, медицинскиот тим во клубот верува дека му е потребно уште време за да се опорави.

Според „Л’Екип“, Рамос смета дека е комплетно опоравен од повредата и сака да дебитира колку што е можно побрзо. Уште на утрешниот меч на ПСЖ, но вистината е сосема друга.

Медицинскиот тим во ПСЖ смета дека на Рамос му е потребно уште време за да биде подготвен за натпревар. Тие прогнозираат дека најрано би можел да се врати на 29. октомври, на дуелот против Лил, а можно е тоа да биде и во ноември.

Од ПСЖ нема официјален медицински извештај за ситуацијата на Рамос, единствено што се знае е дека тој се уште не може да тренира со истата брзина како и неговите соиграчи.

Клубот нема да дозволи да ризикува со Рамос и тој нема да дебитира во следното коло иако го посакува тоа. Шпанецот ќе почека уште некој период за својот прв меч во новиот клуб.

Коронавирус