четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 194
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Фудбал

ПСЖ купува српски репрезентативец како замена за Нејмар

ПСЖ купува српски репрезентативец како замена за Нејмар

ПСЖ планира да ја добие битката со Манчестер јунајтед, Јувентус, Интер за потписот на српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кого го смета како замена за бразилскиот фудбалер Нејмар.

Италијанските медиуми пишуваат дека Лацио ќе го продаде Милинковиќ-Савиќ за 100 милиони евра, додека ПСЖ во моментов понудил „само“ 60 милиони, но секако отворен е просторот за дијалог меѓу тимовите.

Според дел од француските медиуми, ПСЖ би можел да добие мал „попуст“, односно Лацио да го пушти Србинот за 70-80 милиони евра.

Србинот е еден од најважните фудбалери на Лацио, а сезонава запиша пет гола и пет асистенции на 29 меча.

Парламентарни избори 2020