Се очекува Нејмар да го напушти парискиот клуб наредното лето 2020, а „светците“ најдоа одлична замена за бразилскиот интернационалец.
Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Садио Мане, кој доби огромна пофалба од Лионел Меси, играчот на Барселона.
За францускиот шампион фудбалерот од Сенегал се смета како идеална опција, со оглед на тоа што освен напаѓачки, поседува и одбранбени карактеристики и активно учествува во играта на својот тим, што е можеби слабост на Нејмар.
90 Min: PSG Want Sadio Mané to Replace Neymar if He Leaves for Barcelona https://t.co/secv6zzr5f #lfc #ynwa pic.twitter.com/X7MzxMiCCW
— Liverpool News 365 (@iLiverpoolApp) December 10, 2019
Тој би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ, доколку Нејмар има намера да се врати во својот поранешен клуб, Барселона.
Сенегалецот е една од клучните фигури на европскиот шампион за кој оваа сезона одигра 21 натпревар во кој реализираше 13 голови и запиша седум асистенции.