понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 12
home Фудбал

ПСЖ игра финале против француското чудо: Едвај опстанаа во третата лига, нивните играчи месечно заработуваат колку Нејмар за 36 минути

ПСЖ игра финале против француското чудо: Едвај опстанаа во третата лига, нивните играчи месечно заработуваат колку Нејмар за 36 минути

Третолигашот има годишен буџет од само 2 милиони евра, во Македонија има клубови со поголем буџет, додека пак оној на ПСЖ е 540 милиони, прашањето кое многумина го поставуваат е дали ќе сведочиме на едно од најголемите изненадувања на фудбалската денешница.

Во светот има многу копии на Ајфеловата кула, но најпознатата можеби се наоѓа во Лас Вегас. Овој американски град важи за престолнина на коцката, но ретко кој би се кладел дека Лес Хербиерс на крајот на оваа сезона ќе заигра во финалето на францускиот Куп против ПСЖ на стадионот Сен Дени, е тоа ќе се случи и тоа вечерва од 21:05.

Ретко кое куп натпреварување е слично на ова француско. Квалификациските рунди тргнаа уште во февруари 2017 година, а за своите места се бореа колу 8.000 тимови, почнувајќи од оние во Француска Полинезија, која се наоѓа среде Тихиот океан, преку тимови од Гвадалупе на Карибите, Реунион во Индискиот океан, па до Француска Гвајана.

Да, тоа е државно натпреварување, но е и турнир кој навистина се протега ширум светот. Така што шансите за тимот на Лес Хербиерс, гратче со нешто повеќе од 15 илјади жители во западна Франција, да се пласира до финалето се минимални, посебно ако се знае дека низ оваа сезона се мачеа да го задржат третолигашкиот статус.

А сега само ПСЖ, рекордер со 23 победи во серија им стои на патот до легендите.

Иако овие два тима ги делат само 400 километри, во спортска смисла тоа се две сосема спротивни нивоа. Просечен третолигашки играч месечно дома носи 2.500 евра, плата која Нејмар ја заработува за 35 минути.

Комплетниот буџет на Лес Хербиерс изнесува два милиони евра, што делува како вистинска ситница кога ќе се види оној на ПСЖ, неверојатни 540 милиони евра.

-Финалето ќе биде готово за 20 минути, порача Томас Мениер од ПСЖ, а мора да се признае дека е тешко да не се сложи некој со неговата изјава.

Додека ПСЖ во ова натпреварување се приклучи во јануари оваа година, третолигашот својот пат го започна во октомври минатата година. Во петтата фаза го исфрлија тимот на Кулан со победа од 4:1, а потоа во продолженија го исфрлија Волтигерс де Шатовријан.

Од тогаш почнаа да го градат својот пат до финалето, иако мора да се признае дека не налетаа на ниту еден великан по него. Се сретнаа со второлигашите Оксер и Ленс, кои баш и немаа добри сезони зад себе.

-Го заслуживме своето место финалето и никому не му должиме ништо, порача капитенот Себастијан Флошон, па додаде:

-Секако, потребно е и малку среќа, но сами моравме да ги добиеме своите натпревари.

Иако немаа брутално тешки противници, не недостасуваше драма на нивниот пат до финалето.

-Не стигнавме до финалето откако тропнавме со прстите, порача голманот Метју Пишот, еден од хероите на тимот, кој одбрани пенал во победата над Оксер, а потоа и одбрани два пенали на пеналите со Ленс во четвртфиналето.

Голманот, кој инаку свири клавир и радо чита книги, уште пред пеналите седнал на пијачка и исчезнал под јакната со тренерот на голманите, Антони Кор кој имал Ај-пад. Подоцна откри дека гледал видео со одбрани од клучни пенали, а меѓу нив и оној на неговиот идол Џиџи Буфон.

-Малку сум необичен, изјави тој за Л’Екип.

И поранешните соиграчи се сложуваат. Емануел Бургад кој сега игра за Амиен во Лига 1 го опиша како „луда будала“.

Додека го чекаат историскиот дуел, локалните жители во градот изградиле сопствена верзија од Ајфеловата кула обоен во клупските бои, црвено и црна во чест на тимот кој патува во главниот град.

 

Коронавирус