среда, 22. март 2023. Вести денес: 49
home Фудбал

ПСЖ го доби дербито со Ливерпул, Тотенхем подобар од Интер

ПСЖ го доби дербито со Ливерпул, Тотенхем подобар од Интер

Екипата на Пари Сен Жермен го совлада Ливерпул во дербито на вечерта од петтата рунада во Лигата на шампионите и направи голем исчекор кон пласман во следната фаза.

Значајна победа забележа и тимот на Тотенхем над Интер по што двете екипи во последното коло ќе го бараат влезот во елиминациската рунда.

Резултати и табели во сегментот А-Д од УЕФА Лигата на шампиони:

А-група: Атлетико Мадрид – Монако 2:0, Борусија Дортмунд – Бриж 0:0.
Табела: Атлетико 12 бода, Борусија 10, Бриж 5, Монако 1.

Б-група: ПСВ – Барселона 1:2, Тотенхем – Интер 1:0.
Табела: Барселона 13, Тотенхем 7, Интер 7, ПСВ 1.

Ц-група: Наполи – Црвена ѕвезда 3:1, ПСЖ – Ливерпул 2:1.
Табела: Наполи 9, ПСЖ 8, Ливерпул 6, Црвена ѕвезда 4.

Д-група: Локомотив Москва – Галатасарај 2:0, Порто – Шалке 3:1.
Табела: Порто 13, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив 3.

Пласман во следната фаза досега изборија: Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Барселона, Порто и Шалке.

МИА

loading...