сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 71
home Фудбал

ПСЖ го бара Венгер

ПСЖ го бара Венгер

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер кој се наоѓа под голем притисок од навивачите на „топчиите“ да го напушти клубот, можно е да биде новиот тренер на Пари Сен Жермен, објавија француските медиуми.

Се шпекулира дека раководството на ПСЖ веќе стапило во контакт со 68-годишниот Французин за да добие одговор дали тој е подготвен на лето да го преземе кормилото на „светците“.

За сите е јасно дека по фијаското против Реал Мадрид, Унаи Емери нема да остане на „Паркот на принцовите“ по крајот на сезоната, а дали негов наследник ќе биде Венгер може да се знае наскоро.

Вчера на Островот се појави информација дека Венгер нема намера сам да го напушти Арсенал и дека тоа може да се оствари само доколку добие отказ.

Останува да се почека разврската и во ПСЖ и во Арсенал и да се види дали понудата од Франција може да го премисли Венгер.

Коронавирус