недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 8
home Фудбал

ПСЖ-Дортмунд без публика

ПСЖ-Дортмунд без публика

Реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд ќе се одржи без гледачи поради коронавирусот. Според „РМЦ Спорт“, поради оваа мерка, парижаните ќе загубат околу 10 милиони евра приходи што би можеле да ги добијат од продажба на билети и реклами.

Натпреварот ќе се игра утре (11 март) во Париз со почеток во 21 часот.

Првата средба заврши со победата на германскиот тим со резултат 2:1.

Локални избори 2021