петок, 18. септември 2020. Вести денес: 163
home Фудбал

ПСЖ без Верати и Мбапе против Аталанта

ПСЖ без Верати и Мбапе против Аталанта

Францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен, во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Аталанта ќе настапи без играчот од средниот ред Марко Верати и без напаѓачот Килијан Мбапе.

Според „РМЦ Спорт“, Верати се повреди на тренинг. Тој го повреди мускулот во пределот на потколеницата, а од претходно се знаеше дека исто така поради повреда нема да игра ниту Мбапе.

Натпреварот Аталанта – ПСЖ ќе се игра на 12 август.

Коронавирус