четврток, 28. септември 2023. Вести денес: 121
home Фудбал

ПСЖ без Меси против Лајпциг во ЛШ

ПСЖ без Меси против Лајпциг во ЛШ

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси поради повреда нема да биде во составот на ПСЖ на утрешниот натпревар против Лајпциг во Лигата на шампиони (ЛШ).

Францускиот клуб соопшти денеска дека Меси „чувствува болки во левото колено“ и поради тоа ќе го пропушти гостувањето во Лајпциг.

Меси беше заменет во петокот во триумфот на ПСЖ над Лил од 2-1 поради проблеми со мускулите.

Аргентинецот постигна еден од трите голови на ПСЖ во победата над Лајпиц на домашен терен пред две недели.

ПСЖ води во групата А со седум бодови, еден повеќе од второпласираниот Манчестер сити.