петок, 3. декември 2021. Вести денес: 85
Во живо

Мицкоски во Прилеп на средба со претставници на Регионалната стопанска комора

home Фудбал

ПСЖ без Мбапе, Меси го пропушти тренингот

ПСЖ без Мбапе, Меси го пропушти тренингот

Актуелниот лидер ПСЖ со проблеми во играчкиот кадар го дочекува викендов бранителот на титулата Лил во дерби натпреварот од 12 коло во француското првенство.

ПСЖ дефинитивно на натпреварот в сабота ќе биде без услугите на Килијан Мбапе, кој има инфекција на увото, грлото и носот, и според најавите од клубот на теренот ќе се врати идната недела.

Со екипата денеска не тренираше ниту Лионел Меси, кој има проблеми со болки во мускулите и неговиот настап против Лил е неизвесен.

– Од внимателност донесовме одлука да не тренира., Дали Меси ќе игра против Лил не знаеме, за тоа ќе одлучиме на самиот ден на натпреварот, изјави тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино.

Коронавирус