сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 56
home Фудбал

Првото засилување за Конте е Македонец: Елмас на чекор од Интер!

Првото засилување за Конте е Македонец: Елмас на чекор од Интер!

Следните денови треба да отпатува за Милано на лекарски прегледи и да стави потпис на договорот со Интер.

Турските медиуми објавија дека талентираниот македонски репрезентативец Елиф Елмас е на чекор до потпис со италијанскиот гигант Интер.

Засега нема никаква официјална потврда, но медиумите пишуваат дека клубовите се договориле, а Елмас прифатил преселба во Серија А.

Интер за македонскиот репрезентативец ќе плати 11 милиони евра и тоа ќе биде квалитетно засилување за новиот тренер на „нераѕурите“, Антонио Конте.

Да потсетиме, Елмас во претходниот период се поврзуваше со неколку европски гиганти, меѓу кои беа и Тотнем, Арсенал и Лацио, но очигледно Интер успеа да го „украде“ фудбалерот пред останатите.