вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 25
home Фудбал

Првото „Ел Класико“ во ист термин како минатата година, фановите бесни

Првото „Ел Класико“ во ист термин како минатата година, фановите бесни

Челниците на шпанската Примера го одредија терминот за првото сезонско „Ел Класико“, во кое Барселона ќе го дочека Реал Мадрид.

Иако Каталонците се во големи проблеми, пред сè со повредени играчи, а потоа и со резултати, ова дерби привлекува огромно внимание. Познато беше дека пресметката на „Камп Ноу“ ќе се одигра во десеттото коло, а сега е познат и официјалниот термин.

Првото „Ел Класико“ оваа сезона ќе се одигра на 24 октомври, со почеток од 16:15 часот. Секако, овој пладневен термин е неприкладен и редок за едно од најголемите дерби средбите во светот на фудбалот, па обично се игра во вечерен термин. Поради тоа, фановите на двата клуба се бесни на челниците на лигата.

Сепак, голема е веројатноста дека големото шпанско дерби ќе биде на пониско квалитативно ниво, поради проблемите на Барселона, но и одличната форма на Реал Мадрид. Минатата сезона „кралевите“ двапати ја победија Барселона, со 1-3 во Каталонија и 2-1 во Мадрид. Интересно, дуелот на „Камп Ноу“ и минатата сезона се одигра на 24 октомври, во терминот од 16:00 часот.

Локални избори 2021