четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Фудбал

Прволигашите утре ќе објават бојкот

Прволигашите утре ќе објават бојкот

Нема крај на сапуницата која почна со изоставувањето на прволигашките екипи во доделувањето на ваучерите што требаше да бидат помош и стимулација за спортот, а се претворија во средство за политичко пазарење на партиско ниво.

Утре во Скопје ќе се одржи прес конференција на која екипите од понизок ранг во ракомет и кошарка ќе објават прекин на натпреварувањето, непопуларно наречен бојкот на првенствата.

Минативе месеци, клубовите заедно со РФМ се трудеа да најдат заедничко решение со АМС, но неколкупати неуспешно завршуваше обидот. Првенството почна, клубовите прифатија да играат додека не се реши проблемот, РФМ се нафати да ги плаќа судиските и делегатските такси, но последната блокада што стигна од политичарите кои партиски се пазарат како да се поделат ветените 4 милиони евра, стави крај и на последниот постигнат договор.

Утре од салата за прес конференции ќе биде испратена порака до владата, опозицијата и сите политички фактори да престанат врз грбот на клубовите да ги остваруваат своите партиски агенди.

Коронавирус