понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 85
home Фудбал

Прволигашите ќе добијат пари од ФФМ за развој на младинскиот фудбал

Прволигашите ќе добијат пари од ФФМ за развој на младинскиот фудбал

Оваа сезона, по барање на дел од клубовите учесници во натпреварувањето во Првата македонска фудбалска лига, финансиските средства кои потекнуваат од „Солидарниот фонд“ од шампионската лига ќе се распределат за развој на младинските екипи само на професионалните клубови, односно на клубовите од ПМФЛ во сезона 2016/2017 како носители на УЕФА клупското натпреварување.

Средствата кои годинава достигнаа износ од 457.195 евра с едвојно поголеми во однос на претходните години. Ќе бидат распределени на: Вардар, Шкендија, Работнички, Пелистер, Ренова, Силекс, Победа, Шкупи, Брегалница и Македонија Ѓ.П.

Парите се строго наменски – за развој на младинскиот фудбал и ќе подлежат на посебна ревизија од страна на УЕФА и ФФМ.

– Оваа одлука произлезе токму од комуникацијата и разбирањето со претставници на клубовите. Фудбалот во Македонија ќе се развива само ако секој го дава својот придонес и се грижи за подобрување на условите. Во ФФМ се залагаме токму за тоа и нѐ радува што постои единство и меѓу клубовите, токму како во фудбалска екипа. Изминатиот период сите бевме горди на резултатите кои ги постигнуваа нашите младински тимови, голем удел во тоа имаат и клубовите и искрено се надеваме дека овие средства ќе се искористат токму во таа насока – да продолжиме да создаваме услови за квалитетни млади фудбалери, изјави Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Коронавирус