вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 66
home Фудбал

Прво засилување за Мурињо

Прво засилување за Мурињо

Младиот португалски фудбалер Жедсон Фернандеш е нов член на Тотенхем и во наредните 18 месеци ќе игра како позајмен играч од Бенфика. Тој е прва аквизиција на Жозе Мурињо во зимскиот преоден рок.

Фернандеш дебитира за Бенфика во минатата сезона и од тогаш забележа 53 настапи за екипата од Лисабон и постигна два гола во Лигата на шампиони. Но, оваа сезона падна во втор план на стадионот „Луж“ и последниот натпреварувачки меч го одигра на 30 октомври.

Фернандеш се става под команда на Мурињо до летото во 2021 година по што Тотенхем ќе има право на откуп на неговиот договор од Бенфика.