четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Првиот трансфер во кариерата ќе го направи на 32 години и тоа – во Барселона!

Првиот трансфер во кариерата ќе го направи на 32 години и тоа – во Барселона!

Новата повреда на Осман Дембеле ги поремети плановите на Барселона, па затоа каталонскиот гигант бара од Фудбалската федерација на Шпанија да активира посебна опција за донесување на нов напаѓач.

Трансфер рокот во Шпанија заврши, а Барселона на крајот остана со само тројца играчи во офанзивата, Лионел Меси, Антоан Гризман и Ансу Фати, не сметајќи на Дембеле, кој и онака е повеќе надвор отколку на теренот.

Каталонски „Спорт“ тврди дека шпанскиот шампион ќе биде потпомогнат од Федерацијата и ќе му биде овозможено да додесе нов играч, но тој мора да биде од Ла Лига или без клуб.

Како што пишуваат шпанските медиуми, изборот паднал на Анхел Родригез, 32-годишниот напаѓач на Гетафе. Тој се наоѓа во одлична форма оваа сезона во која постигна 13 голови, а има и договорна клаузула според која клубот би можел да го донесе за десет милиони евра. Родригез може да покрие повеќе позиции во нападот е важи за играч кој би можел одлично да се пронајде во новата средина.

Тој е во Гетафе од 2017 година, а претходно играше за Сарагоса, Еибар, Леванте, Елче и Тенерифе. Интересно е тоа што за него ова би бил прв трансфер во кариерата, бидејќи во овие клубови играше само на позајмица или пак преминуваше како слободен играч.

Коронавирус