вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Прв случај на коронавирус во Бундеслигата- еве за кој фудбалер станува збор

Прв случај на коронавирус во Бундеслигата- еве за кој фудбалер станува збор

Играч на тимот на Падерборн во Бундеслигата е првиот случај на коронавирус COVID-19 во врвното елитно натпреварување на Германија. 20-годишниот Лука Килијан се тестираше позитивно за новиот коронавирус. Тој и сите негови соиграчи се во карантин.

„Секој што бил во близок контакт со Килијан од 5 март, ќе биде тестиран. Домашен карантин значи да се остане во стан и да се држи растојание од два метра меѓу луѓето. За оние кои не биле во контакт со Килијан, животот продолжува како нормален“, изјавија од клубот.

Во петокот Бундеслигата го запре првенството поради пандемијата на коронавирусот.

Ова е прв прекин на лигата по Втората светска војна. Сите пет големи лиги ги прекинаа своите првенства.

Локални избори 2021