петок, 5. март 2021. Вести денес: 161
home Фудбал

Прв пораз за Милан сезонава во Серија А: Јувентус го победи со 3:1

Прв пораз за Милан сезонава во Серија А: Јувентус го победи со 3:1

Нема веќе непоразени екипи во Италијанското фудбалско првенство, откако синоќа Милан на домашен терен загуби од Јувентус со 3:1.

За „росонерите“ ова беше прв пораз по 16 натпревари оваа сезона.

Федерико Киеза беше двоен стрелец во гостинскиот тим, еднаш погоди Вистон Меккени. Голот за Милан го постигна Давиде Калабрија.

И покрај поразот, Милан е лидер на табелата со 37, пред градскиот ривал Интер кој има 36 и Рома со 33 бода.

Јувентус се наоѓа на 4. позиција со 30 бодови и натпревар помалку.

Коронавирус