сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 5
home Фудбал

Просинечки по трет пат ќе се оперира во Сараево

Просинечки по трет пат ќе се оперира во Сараево

Поранешниот фудбалер и тренер на Црвена ѕвезда, Роберт Просинечки, по трет пат ќе биде опериран во Сараево поради проблеми со дивертикулумот на дебелото црево.

Планираната хируршка процедура е закажана за 15 февруари, потврдија од Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево за „Дневни аваз“.

Актуелниот тренер на репрезентацијата на Босна и Херцеговина по враќањето од Лас Палмас на 18 ноември, каде ги предводеше БиХ против Шпанија во пријателски натпревар, се пожали на болки во стомакот и четири дена подоцна беше хоспитализиран.

Веднаш му беше извршена четиричасовна операција, а потоа уште една пократка на 1-ви декември.

Се верува дека Просинечки ќе биде подготвен да го води тимот на Босна во квалификациите за Европското првенство 2020.

Коронавирус