недела, 9. мај 2021. Вести денес: 134
home Фудбал

Просинечки го определи Модриќ за најдобар хрватски фудбалер на сите времиња

Просинечки го определи Модриќ за најдобар хрватски фудбалер на сите времиња

Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и сегашен тренер, Роберт Просинечки смета дека играчот на Реал Мадрид, Лука Модриќ е најдобар фудбалер во историјата на хрватскиот фудбал.

– Нема репер по кој Лука не го заслужува епитетот за најдобар фудбалер во историјата. Дури и да ги оставиме на страна неговите трофеи, начинот на кој тој игра е навистина импресивен. Модриќ е лидер во Реал Мадрид и има три титули во Лигата на шампионите. Во сите три случаи, тој одигра решавачка улога во успехот, изјави Просинечки.

48-годишниот Просинечки своевремено, меѓу другите, настапуваше и за шпанските великани Реал Мадрид и Барселона.

Коронавирус