недела, 20. септември 2020. Вести денес: 36
home Фудбал

Пропадна трансферот на Суарез во Јувентус

Пропадна трансферот на Суарез во Јувентус

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Луис Суарез нема да се пресели во Торино, бидејќи Уругваецот ги прекинал преговорите со „старата дама“.

Напаѓачот на Барселона ја отфрлил опцијата да замине во Торино, и покрај тоа што веќе ги договори условите со „старата дама“ околу личните примања и должината на договорот.

Причина за ваквата одлука на Суарез е тоа што ако Уругваецот направи трансфер нема навреме да ја добие потребната документација и нема да може да игра во групната фаза во Лигата на шампиони.

Бирократската процедура за добивање пасош нема да биде комплетирана до 6-ти октомври кога завршува трансфер пазарот, па тоа ги комплицира работите.

Луис Суарез ова лето сигурно ќе си замине од Барселона, па сега е отворен да слушне понуди од други клубови.

Коронавирус