недела, 11. април 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ, дербито во Тетово

Продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ, дербито во Тетово

Три градски пресметки, по една во Скопје, Тетово и Струмица, ќе бидат во фокусот на последното коло од вториот круг во македонската фудбалска лига кои ќе започнат од 14 часот.

Денеска Шкендија и Ренова ќе се пресметаат во тетовското дерби, Шкупи ќе го пречека Работнички на ФФМ, а во Струмица ќе се води жестока битка на давениците во која Беласица ќе го има последниот обид да фати некаков приклучок, додека Академија Пандев шанса да излезе од најопасната зона.

Вардар врза два порази во две врзани гостувања во Тетово, па не е така далеку дното во Првата лига и затоа денеска ќе мора црвено-црните да дадат сѐ за триумф против Струга Трим Љум.Пелистер е домаќин на Борец во псоледниот денешен меч, меч кој има многу важност и за двата тима.

Вчера Македонија ЃП со 1-0 го победи Силекс и се зацврсти на третото место.

ПРВА ЛИГА, 22. КОЛО (14 ЧАСОТ)

ТЕТОВО: Шкендија – Ренова

АРЕНА: Вардар – Струга Трим Лум

БИТОЛА: Пелистер – Борец

СТРУМИЦА: Беласица – Академија Пандев

ФФМ: Шкупи – Работнички

ВЧЕРА

Македонија ЃП – Силекс 1-0 (1-0)

ТАБЕЛА: Шкендија 46, Шкупи 40, Македонија ЃП 38, Струга ТЛ 32, Работнички 29, Борец 29, Вардар 26, Пелистер 25, Силекс 23, Ренова 22, А. Пандев 21, Беласица 12.

Коронавирус