недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Продолжуваат натпреварите од Лигата на нациите

Продолжуваат натпреварите од Лигата на нациите

Новиот турнир на УЕФА – Лигата на нациите вчера стартуваше со неколку интересни натпревари. Најважна за нас е победата на Македонија на гости против Гибралтар со 2:0 во групата 4 од Лигата „Д“, а следниот меч против Ерменија во недела се очекува да биде најважниот за нашиот евентуален пласман во следната фаза.

Турнирот продолжува денеска со нови натпревари, а најинтересниот се чини е меѓу Италија и Полска во Болоња. За репрезентацијата на „азурите“ ќе дебитира новиот тренер Роберто Манчини, а по пропуштањето на СП 2018 година се очекува поранешниот тренер на Интер и Сити да ја врати репрезентацијата на голем турнир.

Лига на нации, 1 коло:

Лига „А“

Група 3
Италија – Полска

Лига „Б“

Група 2
Турција – Русија

Лига „Ц“

Група 1
Албанија – Израел

Група 4
Литванија – Србија
Романија – Црна Гора

Лига „Д“

Група 3
Азербејџан – Косово
Фарски Острови – Малта.

Коронавирус