петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 41
home Фудбал

Проблеми за Зинедин Зидан пред гостувањето во Ваљадолид

Проблеми за Зинедин Зидан пред гостувањето во Ваљадолид

Тренерот на шпанскиот фудбалски шампион Реал Мадрид Зинедин Зидан, поради големиот број повредени играчи, се наоѓа на големи маки да го состави тимот за Валјадолид.

Нова шокатна вест за Зидан е дека најдобриот стрелец на Реал, Карим Бензема, се повредил на вчерашниот тренинг, сигурно нема да игра против Валјадолид, а под знак прашалник ќе биде и неговиот настап против Аталанта.

Покрај Бензема, повредени во тимот на Реал се капитенот Серхио Рамос, Еден Азар, Алваро Одриозола, Дани Карвахал, Феде Валверде, Родриго, Едер Милитао и Марсело.

Реал в сабота, со почеток во 21 часот, ќе гостува во Валјадолид, а потоа во истиот термин, в среда, ќе игра против Аталанта.

Локални избори 2021