Англискиот фудбалски клуб Ливерпул ќе биде одреден период без напаѓачот Диого Жота, објави менаџерот на Црвените, Арне Слот, пред дуелот против Лил од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Жота ќе се врати порано од Џо Гомес. Очекувам двајцата да ги обноват тренинзите во рок од неколку недели, а не месеци. Многупати е кажано, последната етапа од рехабилитацијата по повредата е најтешка. Жота има преоптоварен мускул“, изјави Слот.