петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Проблеми во Тотенхем, Кејн сака да си замине

Проблеми во Тотенхем, Кејн сака да си замине

Фудбалерот на Тотенхем Хари Кејн  веќе е фрустриран од фактот дека Спарс не можат да стигнат до било кој трофеј,па поради тоа сака да си замине од Лондон.

Тој сериозно ја разгледува можноста, но тоа во никој случај нема да биде лесно. Првиот човек на Тотенхем Даниел Леви постави навистина огромна бројка за трансфер на фантастичниот напаѓач и тоа е 120 милиони фунти.

Постојат неколку тимови кои се подготвени да ја платат оваа бројка. Кејн најмногу се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но „црвените ѓаволи“ засега не се подготвени да платат толку пари.

Кејн одигра 326 натпревари во дресот на Спарс и постигна 214 голови.

Коронавирус