четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 98
МЕГА БОМБА

АУДИО: Објавена нова бомба за Заев – „Маме ќе им e*aм на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

home Фудбал

Признание на фудбалерот: Продадов златен медал за да купам – кокаин!

Признание на фудбалерот: Продадов златен медал за да купам – кокаин!

Некогашниот бразилски фудбалер Флавио Донизете, отворено признава дека го продал својот златен медал за да купи кокаин.

Во текот на кариерата, Донезете играше за солиден број на клубови, а најголем успех оствари со Сао Паоло во 2005 година кога стана светски шампион, кога го победија Ливерпул со 1;0.

„Откако се запознав со кокаинот, премногу изгубив, затоа што тогаш немилосрдно го користев. Кога се појави кокаинот во мојот живот, почнав да губам се што имам. Парите кои ги имав на сметка, разни работи, едноставно исчезнуваа кај мене. Се загубив, единствено ги сочував жената и ќерката“.

„Морав да го продадам и златниот медал за да купам дрога. Користев дрога и правев разни глупости. Кокаинот го користев како луд, сите пари од медалите, ги дадов на кокаин, се отиде за два дена“, признава Донизете, пренесе СпортКлуб.

Тој во 2019 година успеа да го врати еден од медалите во своја сопственост, а во тоа му помогнал легендата на бразилскиот фудбал Кафу.

Парламентарни избори 2020