среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 66
home Фудбал

Признаен Гинисовиот рекорд на голманот Алиреза Беиранванд

Признаен Гинисовиот рекорд на голманот Алиреза Беиранванд

Со фрлена топка во должина од 61.26 метри голманот на иранската репрезентација Алиреза Беиранванд од оваа недела и официјално е сопственик на Гинисовиот рекорд за најдалечно исфрлена фудбалска топка со рака.

Гинисовиот рекорд на иранскиот голман официјално е признаен откако Беиранванд (29) го оствари подвигот на натпреварот против Јужна Кореја во рамки на квалификациите за Мундијалот 2018, исфрлувајќи ја топката со рака од голманскиот простор на далечина од над 61 метри. Иран се квалификуваше на тоа Светско првенство одржано во Русија, а на завршниот турнир се истакна кога му одбрани пенал на португалскиот капитен Кристијано Роналдо.

Актуелниот чувар на мрежата на португалскиот прволигаш Боависта, кариерата ја почна во ирански Персополис, а во националниот дрес досега одигра 49 натпревари.

Коронавирус