недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 26
home Фудбал

Преживеаниот внук на Рејес открива што се случило при кобната несреќа!

Преживеаниот внук на Рејес открива што се случило при кобната несреќа!

Пред повеќе од десет дена фудбалскиот свет остана без еден фантастичен фудбалер, откако во сообраќајна несреќа почина шпанскиот ас Хозе Антонио Рејес.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Севиља, Арсенал и Атлетико Мадрид на први јуни со својот автомобил удрил во бетонски столб и излетал од патот, а покрај него животот го загубил и неговиот роднина Џонатан Рејес, додека внукот Хуан Мануел Калдерон успеа да преживее, па по неколку дена се осмели да открие што точно се случило тој ден.

„Хозе сакаше побрзо да стигне дома, за да ја изненади сопругата и ќерќата. Мене и Џонатан требеше да не остави по пат, а потоа тој да си продолжи за дома. Но, во еден момент видов дека вози многу брзо и потоа се случи тој хаос. Автомобилот беше во воздух, и долго време летавме“, вели Калдерон.

Конечниот извештај од сообраќајната несреќа на Хозе Антонио Рејес ги откри причините поради кои неговиот автомобил излетал од патот, а најголемата е брзината од 237км/час.