понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 46
home Фудбал

Претседателот на Шалке суспендиран три месеци за скандалозната изјава за Африканците

Претседателот на Шалке суспендиран три месеци за скандалозната изјава за Африканците

Бундеслигашот Шалке соопшти дека претседателот на клубот, Клеменс Тенис, е суспендиран од работа три месеци. Ова е сторено по скандалозната изјава на 63-годишниот функционер.

Тој пред неколку дена рече дека наместо да се зголемуваат даноци за заштита на животната средина во Африка, треба да се градат повеќе електрани за да може локалното население да престане да ги сече дрвјата и да не прави деца во мрак.

Оваа изјава се сметаше за расистичка.

По состанокот на управниот одбор на Шалке, беше решено да се суспендира Тенис од работа. Тој веќе се извини за несоодветните зборови.

Коронавирус