четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 68
home Фудбал

Претседателот на Наполи разгледува опции стадионот да се вика Марадона

Претседателот на Наполи разгледува опции стадионот да се вика Марадона

Претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави денеска дека стадионот на тој клуб може да го носи името на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона.

– Би сакал да го покажам лицето на Марадона на стадионот за време на утрешниот натпревар со Риека. Постои идеја да се нарече стадионот Сан Паоло-Марадона, тоа е нешто за што ќе размислиме, изјави Де Лаурентис.

Поранешниот аргентински репрезентативец и фудбалер на Наполи, Диего Марадона почина денеска на 60-годишна возраст од срцев удар.

Тој играше за Наполи од 1984 до 1991 година и стана легенда на клубот. Со клубот од Неапол освои две шампионски титули, Купот на Италија, Купот на Уефа и Суперкупот на Италија. (МИА)

Коронавирус