четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 79
home Фудбал

Претседателот на германскиот фудбалски сојуз поднесе оставка

Претседателот на германскиот фудбалски сојуз поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Германија Фриц Келер поднесе оставка од функцијата поради морални причини, пренесува „Ројтерс“.

Келер бил принуден да ја напушти функцијата во германскиот фудбал после големиот притисок на јавноста поради непримерниот нацистички коментар кон претседателот на Управниот одбор Рајнер Кох. На состанокот одржан на 23. април Келер го нарекол Кох, кој инаку е судија, „Фрајслер“ по озогласениот нацистички судија Роланд Фрајслер, кој бил учесник на конференцијата во 1942. година на која нацистите го претставиле своето конечно решение за истребување на Евреите.

Неговиот претходник Рајнхард Гриндел поднесе оставка по критиките поради поклонет луксузен часовник од извесен украински бизнисмен.

Претходно Нирсбах и Цванцигер беа под истрага во Швајцарија за малверзации и подмитување околу организацијата на СП 2006 кое се одржа во Германија.

Коронавирус