Фудбал

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ на официјална средба со Александар Чеферин во Нион

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ на официјална средба со Александар Чеферин во Нион

Челниците на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), претседателот Масар Омерагиќ и генералниот секретар Дрилон Ганиу, на покана на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, престојуваа во официјална посета на Нион и разговараа со првиот човек на европската фудбалска организација и неговите најблискисоработници предводени од Зоран Лаковиќ, директор на Национални асоцијации.

По приемот и пријателсккот разговор, Масар Омерагиќ ги искажа своите импресии од средбата.

„Би сакал да изразам задоволство од овој конструктивен начин на комуникација соводечките луѓе во европскиот фудбал. Имавме прекрасен состанок и срдечен пречек од првиот човек на европскиот фудбал и еден од неговите најблиски соработници, Зоран Лаковиќ. Споделивме многу корисни и вредни информации за состојбата во нашиот фудбал и отворено разговаравме за клучните теми, што покажува дека претседателот Чеферин и раководството на УЕФА ги ценат мислењата на сите земји членки. 

Постои почит и огромна желба меѓу нас да ги најдеме најдобрите решенија за одредени предизвици со кои се соочуваме, за да продолжиме да го развиваме фудбалот на најдобар можен начин. Тоа првенствено се однесува на УЕФА инвестициските фондови и реформите во нашиот фудбал кои ни следуваат. Мора да дејствуваме веднаш за да избегнеме несакани работи и да тргнеме во позитивен тренд и нови успеси“, изјави Масар Омерагиќ.

Претседателот Омерагиќ го информираше претседателот Чеферин за клучните цели на нашата организација во следниот период, кои првенствено се однесуваат на заеднички инвестиции во инфраструктура, реформите во македонскиот фудбал и изградба, реконструкција и обнова на фудбалските терени во нашата држава.

To top