понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Претседателот на Барселона веќе го избрал заменикот на Валверде

Претседателот на Барселона веќе го избрал заменикот на Валверде

Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу веќе одлучи кој е вистинскиот кандидат да го замени Ернесто Валверде како шеф на тимот.

Бартомеу сака следната сезона тимот да го води актуелниот холандски тренер Роналд Куман.

Минатата недела тој зборуваше повторно за можното разрешување на 55-годишниот шпански ментор. Барселона забележа реми 2-2 во градското дерби против Еспањол, а синоќа дозволи пораз од 2-3 против Атлетико Мадрид во полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп.

Во последните неколку месеци се шпекулира за различни имиња за тренерската позиција на „Камп Ноу“, но сега Бартомеу се чини дека се одлучи за Роналд Куман.

Привлекувањето на Холанѓанецот во Барселона, сепак, нема да биде лесна задача, бидејќи Куман има договор со холандската репрезентација, откако претстои да го води тимот на Евро 2020.

Коронавирус