петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Претседателот на Баерн со поддршка за Ковач

Претседателот на Баерн со поддршка за Ковач

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес го заштити тренерот Нико Ковач, кој се наоѓа под голем притисок по новиот кикс изминатиов викенд.

Шампионите дозволија срамен пораз на домашен терен против Борусија Менхенгладбах, откако беа совладани со 0:3 во саботата.

– Не сум помислил ни за секунда да му наштетам на Ковач. Ќе го бранам до крв! Четири натпревари без победа? Кај нас владее спокојство, изјави шефот за списанието „Кикер“.

Неговите коментари можат да се прифатат за изненадувачки, бидејќи денови порано (по нерешениот резултат 1:1 со Ајакс во Лигата на Шампионите), претседателот на баварците упати предупредување за тренерот со зборовите: „Тој треба да сноси одговорност за ротациите“.

Според најтиражниот европски весник „Билд“, шефовите на тимот од Минхен воопшто не размислуваат за тренерска смена и стојат цврсто зад Ковач. Нов проблем пред Хрватот сепак, е дека покрај натпреварите на националните тимови нема да може да води комплетни тренинзи.

МИА

Коронавирус