вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 94
home Фудбал

Претрес во домот на Касиљас, масовна акција за даночни затајувања

Претрес во домот на Касиљас, масовна акција за даночни затајувања

Во Португалија се одржа масовна акција за да се соберат докази за сомнителни даночни измами при трансфер на фудбалери.

Беше претресен и домот на шпанската легенда Икер Касиљас, кој е двократен европски шампион.

Самиот Касиљас изјави дека е „апсолутно смирен“ во врска со истрагите и има „целосна доверба“ во португалскиот правосуден систем.

Полицијата откри дека се истражуваат 76 различни трансакции и во вчерашната операција учествувале скоро 200 агенции за спроведување на законот, 101 даночен инспектор и 16 судии.

Договорите под истрага се одвиваат од 2015 година и се смета дека станува збор за перење на пари од страна на клубови и агенти во големи размери.

Во моментот, властите не кажуваат информации за проверките што ги започнале.