вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 104
home Фудбал

Премиерлигашите бараат формирање на голем фонд за помош на клубовите за време на пандемија

Премиерлигашите бараат формирање на голем фонд за помош на клубовите за време на пандемија

Водечките клубови од Премиер лигата побараа фонд од повеќе од милијарда фунти, пренесува „Фајненшл тајмс“. Целта на оваа мерка е да им се помогне на клубовите што земаат заеми со високи каматни стапки за време на пандемија.

Како што е наведено, вкупните загуби на клубовите од првата дивизија за време на пандемијата на коронавирус достигнаа две милијарди фунти, принудувајќи ги да земат заеми за да ги покријат итните трошоци за плата и нови договори.

Фондот треба да помогне да се избегне контакт со доверители при иден приход од трансфери или други трансакции. Така, на клубовите ќе им се обезбеди нов механизам за финансирање што ќе обезбеди кредитна линија од 1-1,5 милијарди фунти. (МИА)

Коронавирус